Explore our services and get in touch
Our Services
01.Проект за Ентериер со технички цртежи и предмер
Проект за ентериер вклучена идејна фаза на дизајн во која доаѓаме до заедничко решение со 3д модел и фотореалистични слики од дизајнот плус изработка на технички цртежи за позиции на водовод, електрика, детали на подови, плафони, ѕидови, изработка на мебел итн, како и предмер со сите позиции и количини. Во договор со Вас во однос на Вашиот буџет добивате и листа на мебел и материјали за набавка (плочки, иверки итн) со шифри, линкови и продавници. Цената е почетна цена.
02.Идеен проект за ентериер
Идејно решение на дизајн за еднтериер со 3д модел и фотореалистични слики од просторот без вклучени технички цртежи со димензии и предмер. Не вклучува листа на мебел и материјали.
03.Проект Ентериер + менаџирање на изведба или надзор
Вклучува се` од претходните пакети плус изведба со наши соработници, каде го делиме проектот во две фази - проект и изведба, и според Вашиот предефиниран буџет креираме решение кое го изведуваат наши фирми-соработници. Плаќањето за изведбата оди преку нив, ние ја менаџираме изведбата. Доколку имате Ваши мајстори, а сакате да вршиме надзор на нивната работа- и ова е сервис кој го нудиме. Цената е почетна цена.
04.Проект за градба со добивање одобрение од општина
Комплетен проект за градба со фази архитектура, статика, електирка, водовод, елаборат за енергетска ефикасност, заедно со комплетна постапка за добивање одобрение во Општина. Изработен од овластени инженери и лиценцирано правно лице за проектирање. Цената е почетна цена за објект - контактирајте не` за да ја добиете точната цена. Цените за помошни објекти (настешници, гаражи итн. се помали).
- 05.
Проект за фотоволтаици со аплицирање во ЕВН
Проект за фотоволтаици со фаза електрика и архитектура кој го добивате во печатена форма за да поднесете известување до Општина, плус аплицирање во EVN систем за производител-потрошувач и водење на постапката
