top of page

Изложба на Роберт Цветковски во соработка со Архикс Студио во Gallery MC, Њујорк

На 26.08.2023 се оддржа изложбата за проектот "Генеративна Уметност: Инспирација или Имитација“ на македонскиот академски уметник Роберт Цветковски во соработка со АРХИКС Студио. Проектот, кој е од истражувачки карактер, е посветен на влијанието на префинетата уметност врз раѓањето на идеите во архитектурата и применетите уметности, и дефинирање на тенката граница помеѓу инспирацијата и имитацијата (ако тоа е можно).

Проектот резултираше со 10 уметнички слики на Роберт Цветковски и четири концептуални проекти на Архикс Студио, директно инспирирани од четири од делата на Цветковски, поминати низ архитектонски мисловен процес, кој е претставен преку скици, за да се дојде до иналниот концепт - претставен преку 3д визуелизации.

Изложбата помина во прекрасна атмосфера, каде посетителите имаа можност да уживаат во уметноста и истовремено да развијат дискусија со креаторите на проектот за субјективноста на креативниот процес. Споделивме многу приказни и размислувања, добивме нова инспирација! Им благодариме на сите што ја посетија изложбата!



58 views0 comments

Comments


bottom of page