
Ентериер
Aurora
Сектор
Ентериер
Локација
Свети Николе
Година
2023, изведен
Површина
70м2
Дизајн на ентериер
Архикс Студио
3д визуелизации
Архикс Студио
Инвеститор
приватен
Ентериерот за спрат од куќа Aurora го доби своето име од аурата која ја ширеа неговите сопственици - двајца прекрасни, софистицирани и отмени, а сепак едноставни луѓе. Нивната цел беше да го реновираат и освежат својот простор, така што ќе ги осликува нивните навики и секојдневие и ќе го направи топло и удобно катче.



Прва задача беше да се направи отвор во ѕидот помеѓу дневната и трпезаријата, што беше лесна за нас, но тешка задача за тимот за изведба (заради носивоста и дебелината на ѕидот) што сепак беше одлично завршена! Отворот стана „портал“ - библиотека за да се смести и врами големата љубов кон книгите.
Дневната е нежна и едноставна, со светли нијанси и дрвена текстура, како и освежување од светло зелена минт боја. Кај фокусниот ѕид за телевизорот повторно се јавуваат декораивни полици кои служат и како библиотека. Кујната е линиска и компактна, со акцент на функционалноста. Голем квалитет на овој простор е природната осветленост од две страни.


Спалната соба е облечена во светло сина и нежна кремава нијанса. Во аголот е поставена тоалетна маса со огледало и полици. Природната светлина, која и тука ја имаме од две страни, е омекната со нежни бели завеси.
Бањата е најдраматична просторија во овој ентериер и се одразува со контрастни тонови и различни текстури.
Сите сервисни функции во домот се сместени во утилити, каде е ставен и бојлерот, за да не ја нарушува елеганцијата на бањата. Тука се машината за перење, сушара, корпа за алишта, шкафови за сите средства и алатки за чистење, даска за пеглање на извлекување, како и печката која е главен елемент за затоплување на домот.


Погледнете повеќе слики во галеријата