top of page
Living Room of the Terra Interior, with earthy, warm and rustic tones

Ентериер
Terra

Сектор

Внатрешен дизајн

Локација

Аеродром, Скопје, Македонија

Година на проект

2021

Површина

45м2

Проектант

Архикс Студио

3Д визуелизации

Архикс Студио

Ентериерот Terra е дизајниран за брачен пар со префинет вкус и динамичен стил на живот. Изборот на доминантните материјали - дрво, затемнето стакло и ѕидна техника - 'рѓа ги отсликува нивните карактерни особини: смиреност, посветенст, софистициранот. Се чувствуваат комфорно во земјени тонови и текстури, што доведе до креација на Terra.

Просторна организација

Станот има четири простории: дневна, спална, ходник и бања. Дневниот простор, трпезаријата и кујната се последователно споени во просторна дневна соба. Ја одвоивме кујната со шанк и поставивме различно осветлување за трите зони. Поврзан е со ходникот преку дијагонален премин, кој води до бањата и малата спална соба.

Внатрешен дизајн на стан
Bar in the Terra Interior, with earthy, warm and rustic tones
Внатрешен дизајн на дневна со земјени неутрални тонови / earthy tones living room interior

Форми, материјали и текстури

Доминираат правоаголни форми, со акценти од решетки и кружни форми во дневната соба (маси и лустери). Во целиот ентериер се присутни 2 текстури: дрво- храст и темно сива иверка со груба површина. Централниот ѕид во дневната е издвоен со техника 'рѓа и вертикални дрвени решетки.  Во кујната се додадени елементи од димено стакло, кои претставуваат медијатор помеѓу дрвото и темно сивата. Спалната, поради малата површина и заради подобра осветленост е освежена со комбинација од сјајна бела (плакар) и мат тиркизна текстура (тапацир на кревет, драперии, перници).
 

Осветлување

На веќе постоечкото вградено плафонско и скриено лед светло, се додадени лустери во дневната и трпезариската зона, додека кујната е осветлена со вградени светла кај шанкот и скриени светла во неколку линии. Дрвените решетки кај телевизорот се нагласени со скриено светло во горна зона. Во спалната, покрај лустерот и скриеното светло над креветот, е подобрена дистрибуцијата на дневна светлина преку поставување на две паралелни огледала, кои воедно визуелно ја зголемуваат површината.

внатрешен дизајн спална соба со тиркизни тонови / Tirquoise bedroom interior design

Погледнете повеќе слики во галеријата

Previous 

Next

bottom of page