
Ентериер
Mistique
Сектор
Ентериер
Локација
Карпош,
Скопје
Година
2024
Површина
70м2
Дизајн на ентериер
Архикс Студио
3д визуелизации
Архикс Студио
Инвеститор
приватен
Ентериерот Mistique беше нарачан од пар, софтверски инженери со одличен, префинет вкус. Процесот на изработка одеше глатко поради тоа што точно знаеја какви очекувања имаат за нивниот простор.
Клучен момент беа нивните две барања, да дизајнираме простор за работа и боравење паралелно, додека втората, катче за нивните две миленичиња кои се многу важен дел од нивниот живот!
Оваа тема станува се поатрактивна помеѓу младите парови со новите можности кои ги нуди дигиталната ера, работа од дома, па затоа и беше интересен дизајнерски предизвик.


Станот има влезен простор,една спална, дневна со кујна и трпезарија и бања, како и два балкони кои нудат одлично природно осветлување во целиот стан. Палетата на бои ја дефиниравме од самиот почеток - бела, sage зелена, бордо, и слонова коска, во комбинација со дрво со нијанса храст. Стилот тука е комбинација од медитерански и модерен стил, многу важно за нив беше да имаат поеклектичен ентериер, простор со карактер, но сепак смирувачки како простор каде тие го поминуваат целиот ден. Нашата клиентка е и страстен вљубеник на мистицизам и во допир со својата спиритуалност, па така и целиот простор суптилно тоа го покажува.

ДНЕВНА СОБА
Днeвната соба е компактен простор со трпезаријата и кујната. Ѕидот на телевизорот се истакнува како фокусна точка, со тоа што тука се и нивните две бироа странично. Нивната работа бара поставување на три компјутери паралелно, па затоа и така е испланиран просторот, да има поголема работна површина.
Милениците имаат свое посебно катче во дневната соба, на местата кои на нив им се веќе „омилени“ , така што и тие имаа голем уддел во дизајнирањето на просторот како членови од семејството!

Трпезаријата е истакната со бордо ѕидот позади и контрастната слика кои одлично парираат. Во продолжение пак е кујната, која е мала, но сепак целосно функционална за нивните потреби. Значаен момент беа плочките како шаховско поле, во посветли нијанси на сива и бела боја, кои го истакнуваат медитеранскиот стил, но со модерен пресврт.


Бањата пак својот карактер го добива со овие луксузни темно зелени мермерни плочки кои го збогатуваат просторот. На влезот има клупа со големо огледало кои го прават просторот практичен и воедно визуелно поголем.
Плакарот кој е во ходникот овозможува во него да се сместат сите чевли, јакни и дополнителни работи, па затоа просторот на влезот останува слободен.
Спалната соба е едноставна, со истата нијанса на бордо боја и дрвени природни тонови, а од неа се излегува на балкон.
Балкон има и во дневната соба, и замислата за него беше едно спиритуално, „зен“ катче за уживање, со мал лежај и полици со омилените хобија на нашите клиенти.


Погледнете повеќе слики во галеријата















