top of page
Gemini_ Living room (1).jpg

Ентериер
Куќа 

Gemini

Сектор

Внатрешен дизајн

Локација

Крива Паланка, Македонија

Година на проект

2020

Буџет

Проектант

Архикс Студио

3Д визуелизации

Архикс Студио

Ентериерот на Gemini е во традиционален и рустичен стил,  отсликувајќи ги карактерите на младата двојка за кого е наменет овој простор. Теракота, кожа и дрво се доминантните материјали, кои креираат една луксузна, но удобна атмносфера.

Осветлувањето е интимно и пригушено, со висечки лустери над шанкот, трпезариската маса и днeвната. Кујната е со дрвена текстура и плочки со текстура на камен, врамена во темни висечки елементи и бели елементи на долниот дел. 

Gemini_ Living room (13).jpg
Gemini_  Living room (5).jpg
Gemini_ bathroom (8).jpg

Тоалетот е повторно во истиот стил, со рустични темно сиви плочки во комбинација со светло беж, и елементи со текстура на дрво. Површините се чисти и без многу декорации, динамиката на просторот е постигната со визуелен контраст.

Детската соба е со два единечни кревети на спрат, со долга работна маса поставена по должина на ѕидот со прозорец, кој е обоен во светла резеда боја. Еден од ѕидовите е обоен темно, на што како контраст се поставени бели полици. 

Спалната соба е дефинирана со централниот елемент на креветот, кој „продолжува“ по заднит ѕид и на плафонот, каде што е поставено скриеното светло. Се карактеризира со јаки контасти и неутрални тонови. Другите елементи се со светла дрвена текстура.

Gemini_ kids room (9).jpg

Погледнете повеќе слики во галеријата

Previous 

Next

bottom of page