Архикс Тим
Заедно ја проектираме Вашате иднина!
Браќа, сестри и блиски - ние сме тим кој ги истакнува најдобрите карактеристики на секој индивидуално. Секој од нас има свое задолжение и своја експертиза, сепак целта ни е заедничка - да креираме убави простори. Луѓето што не` познаваат би не` опишале како народски луѓе - па ако сакате пријателска и непосредна комуникација со Вашите архитекти - ние сме Вашиот тим, кој ќе Ви помогне Вашата желба и идеја да се преточи во современо архитектонско решение.
Нашите клиенти се вклучени во целиот процес на проектирање, со консултации во сите фази за секогаш за дојдеме до решение со кое се задоволни! Веруваме дека Вашиот простор треба да го изразува Вашиот карактер и стил на живот, наместо слепо да ги прати трендовите. Ако ова добро Ви звучи, исконтактирате не`!

Ко - основач и управител
Натали Велеска
Натали Велеска е коосновач, извршен директор архитект со овластување Б во Архикс Студио. Магистрирала архитектура на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2020 година. Нејзината професионална работа е насочена кон законската регулатива од областа на градењето и урбанизмот, постапките за добивање одобренија, управувањето со проекти, станбената архитектура и проектирањето јавни простори. Љубопитна, посветена и комуникативна, го води развојот на проектите и ја одржува јасната комуникација помеѓу клиентите, проектантите и надлежните институции.
Има посебна пасија за одржлива архитектура и паметни решенија.
+38978454272

Ко - основач и одговорен архитект
Ален Цветковски
Ален Цветковски е коосновач и одговорен архитект со лиценца Б во Архикс Студио. Магистрирал архитектура на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2016 година. Специјализиран е за проектирање и реализација на станбени објекти и ентериери, архитектонска визуелизација и организација на изведбата. Неговиот практичен пристап, прецизноста и изразеното чувство за простор му овозможуваат успешно да ја претвори почетната идеја во функционално, естетски усогласено и изводливо решение.
+38972314835

Архитект, проектирање и дизајн
Сара Велеска
Сара Велеска е архитект во Архикс Студио кој ја менаџира документацијата за сите проекти. Магистрирала архитектура на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2024 година. Нејзините области на работа ги опфаќаат BIM-проектирањето, проектирањето и реализацијата на ентериери, станбената архитектура и уредувањето јавни простори. Одговорна, систематична и внимателна кон деталите, Сара придонесува за добра организација на работниот процес и за доследно развивање на проектите низ сите нивни фази.
Има посебна пасија за човекомерен урбанизам и атрактивни јавни просотри.
-

Архитект, 3д и изведба
Андреј Цветковски
Андреј Цветковски е архитект во Архикс Студио со дипломски студии по архитектура на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Неговата работа е насочена кон проектирање и реализација на ентериери, 3Д-моделирање, архитектонска визуелизација и организација на изведбата. Креативен, практичен и ориентиран кон решавање проблеми, Андреј посветува особено внимание на просторните детали и на јасното визуелно претставување на проектните идеи.
-
