top of page
12b.jpg

Куќа 
Gemini

Сектор

Резиденцијален

Локација

Крива Паланка, Македонија

Година на проект

2020

Буџет

Проектант

Архикс Студио

3Д визуелизации

Архикс Студио

Лоцирана во периферијата на градското подрачје, во прекрасно зелено опкружување, близу до Крива Река - куќата Gemini е совршено место за почнување на заеднички живот на два млади брачни парови, братски поврзани.

Тоа и беше главната инспирација за Gemini (близнаци) - куќа со два ката идентични меѓу себе, кои претставуваат различни станбени единици. Куќата е поставена на подигнат терен во однос на пристапниот пат, што е решено со впечатливи скали од двете страни, меѓу кои се наоѓаат гаражите - правејќи го објектот поимпозантен и монументален.

6a.jpg
9a photoshop.jpg
21d.jpg

Основата е речиси совршен 8х8м квадрат. Волуменот е генеза од кубусно јадро, со рамнотежа од хоризонтални елементи (тераси, кровна плоча) и вертикални елементи (надворешни скали, челични рамки- носачи).

Акцентен елемент се носачите во форма на превртен трапез, во црна боја, во однос на кои се обработени и долните делови на издадените плочи и делови од оградите на терасите, со што се создава визуелен контраст.

Отворите се ориентирани кон североситок и југозапад- на предната и задната страна, додека едната страна е полу-отворена, а страната од кај скалите сосема затворена.  Прозорците се квадратни или аголни.

Погледнете повеќе слики во галеријата

22d.jpg

Задниот двор е уреден со голем базен и летна кујна со просторен трем, каде постоечките дрва се зачувани и се инкорпорирани во објектот. И задната фасада го следи стилот на објектот со хоризонтални површини и црни акценти.

Фасадата е бела, класична демит фасада, со црни челични елементи и на одредени места облоги од дрво. 

Осветлувањето е решено со вградени светла под терасите и кровната плоча, и ЛЕД ленти кај носачот кај скалите. 

bottom of page