top of page
Villa K, big residential house with a pool and roof garden, in Kuchkovo Village in Skopje

Вила 
К

Сектор

Резиденцијален

Локација

Кучково, Скопје, Македонија

Година на проект

2020

Буџет

Проектант

Архикс Студио

3Д визуелизации

Архикс Студио

Вила К е совршено бегство од зафатениот градски живот. Дизајниран за семејство на успешни родители и амбициозни деца, овој проект има за цел да ги комбинира удобноста и луксузот на модерниот живот со спокојството на живописното село.

Вила К се развива во приземје, два ката, кровна тераса и подрумска винарија , при што секој кат функционира како различна станбена единица. Понатаму, има шармантен простран двор, совршен за  скара собиранка во летната кујна или играње со кучето во градината. Предниот двор е резервиран за спорт - тениско игралиште, фудбалско игралиште и теретана се таму за да го дополнат совршеното викенд искуство.

Архитектонски и ентериерен проект за вила со базен / Architecture project for a villa with a pool
Проект за луксузна вила / Luxury villa project
Архитектонски и ентериерен проект за вила со кровна тераса / Architecture project for a villa with a rooftop

Следејќи го теренот во пад, целиот комплекс се развива на три нивоа: задниот двор (поврзан со задна улица) , платформата на објектот и предниот двор. Главниот пристап до објектот е преку предната, главна улица, преку монументален, нагласен влез кој води до винаријата и приземјето.

На платформата на приземјето, пред објектот, има трем со зона за седење и базен кој по потреба се открива/покрива, заедно со гостинки туш кабини и соблекувални. Денивелацијата помеѓу задниот двор и објектот е решена со скали, како и пешачки мост кој го поврзува дворот директно со првото ниво.  

Композициски, силната аксијала во подолжна насока е врамнотежена со вертикалата на монтажниот лифт и мостот до првото ниво. 

Се карактеризира со отворено приземје, каде прозорците може  целосно да се отворат кон базенот. Прозорците на другите катови се развиваат по целата катна висина на лицето на објектот, со структурални странични прозорци .

Фасадно, доминира белата боја, со акценти од темно сива, тремови и мостови од дрво. Предниот монтажен трем е од челик. 

Luxury weekend house project/ Луксузна викендица проект

Погледнете повеќе слики во галеријата

Луксузна вила со базен проект архитектура - Luxury rural villa with a pool project architecture

Next

bottom of page