
Вила
Пониква
Сектор
Резиденцијален
Локација
Пониква, Пробиштип, Македонија
Година на проект
2025
Буџет
Проектант
Архикс Студио
3Д визуелизации
Архикс Студио
Овој проект беше по барање на еден млад пар, љубопитени и интелигентни клиенти. Тие имаа прецизна замисла каква сакаат да биде нивната викендичка, но сепак, имаа доверба во Нас и ни дозволија да имаме и креативна слобода со овој интересен проект. Освен креативност, ова беше и инжениерски предизвик , каде до детал се решени дрвената конструкција и сите инсталации!
Куќата е А-рамка со преубава, целосно застаклена, предна фасада. Дрвената конструкција е статички пресметана од страна на градежен инжениер и проверена и одобрена од ИЗИИС. Врските се детално решени во Наша соработка со градежниот инжениер, споевите се направени со штрафови чии дебелини и позиции се јасно исцртани во деталите. За Нас не само естетиката, туку и стабилноста и издржливоста на објектите се особено важни, па затоа на тоа обрнуваме посебно внимание.





Се работи за куќичка која лежи на стрмен терен, карактеристичен за ова подрачје. Подигната е од теренот со сутерен, кој служи како мал гаражен простор за четирициклите кои се страст на клиентот, а секако и како остава за сите други дополнителни работи.

До приземјето се стига преку надворешни скали, каде стигаме до еден голем трем пред самиот влез во куќата. Внатрешната организација на просторот е едноставна, трпезаријата и дневната се на самиот влез во просторот, бидејќи тука имаме најмногу светлина.
Целиот простор е уреден генерално со дрвени, природни материјали и тонови, со цел да се вклопиме во амбиентот на природата и раскошната борова шума околу. Во централниот дел се поставени скалите и кујната. Во задниот дел успеавме да сместиме тоалет и бања од левата страна на скалите, а десно од нив непосредно до кујната е оставата.

Од едната спална соба, со скала може да се качиме до едно мало посебно катче на највисокиот дел на кровот. Тука лево и десно се поставени кровни прозори кои целосно може да се отворат - што го прави овој простор една мала интимна обсерваторија за гледање на ѕвезденото небо, или пак за читање книги и создавање мемории со нивната мала, слатка ќеркичка.
На катот има мал ходник од кој се влегува лево и десно во собите. Двете соби се класични спални соби, со кревет и работна маса. Во нискиот дел, таму каде што е најкос кровот и немаме доволно катна висина, се поставени сите плакари така што има доволно место за складирање. Двете соби имаат балкони за целосно уживање во природата.


Погледнете повеќе слики во галеријата





















