42 кат 2 спална (22).jpg

Ентериер Вила  К

Сектор

Резиденцијален+Ентериер

Локација

Кучково, Скопје

Година

2020

Површина

320м2

Проектант

Архикс Студио

3д визуелизации

Архикс Студио

Вила К, поставена на падина во прекрасен пејзаж во село Кучково се развива на 3 ката, со винарија во подрумот, преден трем со базен, заден двор и кровна тераса. Трите катови функционираат како одделни апартмани, со заеднички скали и лифт.

AПАРТМАН KING - ВТОР КАТ

Aпартманот на вториот кат е најлуксузен од трите, со тераса која се развива по целата должина. Се влегува во дневна со трпезарија, а од лево и десно се наоѓаат библиотеката и спалната  (соодветно) кои се одвоени со прегради од мебел и се поставени на подигната платформа во однос на дневната. Сите се споени во еден простор.

40 кат 2 дневна (21).jpg
41 кат 2 библиотека (12).jpg
40 кат 2 дневна (24).jpg

Целиот апартман е во нежни пастелни бои, елементите се со метални ногарки и изгледаат лесно и елегантно. Библиотеката има пура клуб и простор за читање поставен во издадениот прозорец кој е застаклен од 4 страни. Зад големиот плакар во библиотеката е скриена мала кујна. Спалната соба е со плакари околу креветот, до кои непосредно се наоѓа тоалетот. Телевизорот е ротирачки за да може да се користи и во дневната и во спалната соба. Во аголот на спалната повторно се јавува испакнат прозорец со впечатлива фотеља како катче за релаксирање.

 

Погледнете повеќе слики од Апартман KING на Вила К

AПАРТМАН QUEEN- ПРВ КАТ

Анпартманот на првиот кат има одвоени дневна и спална соба. Има француски балкони. Дневната е голема и комфорна, насочена кон централниот столб каде од една страна се наоѓа телевизорот, а од друга каминот, кој е ориентиран кон трпезариската маса и шанкот. Се повторува колор шемата од апартманот King. Предвиден е спуштен плафон со галериско осветлување насочено во сликите на ѕидовите.

Погледнете повеќе слики од Апартман Queen на Вила К

29 приземје  спална (2).jpg

Погледнете повеќе слики од Апартман Prince на Вила К

Кујната е со дрвена текстура во комбинација со текстура на црн мермер, со висечки шанк кој е одвоен од работната маса.

 

​Спалната соба е во освежувачка минт боја, осветлена од две страни и насочена кон големи прозорци со прекрасен поглед. Повторно и на овој кат се јавува структуралниот прозорец, кој е издаден и застаклен од 4 страни, опремен со фотеља и клуб масичка како катче за релаксација.

Спалната соба е одвоена од дневната, веднаш после влезот и рецепцијата. Мала е, со застаклени врати кои целосно се отвораат накај базенот. Провокативен елемент е внатрешниот прозорец, кој гледа накај удобната када во бањата. 

30 кат 1 дневна (28).jpg
27 приземје дневна  (13).jpg

AПАРТМАН PRINCE - ПРИЗЕМЈЕ

Aпартманот наприземјето се разликува од другите два, во стилот, тоа што е помал и е повеќе гостински апартман за краток престој. Се одликува со посилен контаст и порустичен стил, најмногу евоцирано од обработката со кршен камен и текстура на 'рѓа на огништето во центарот на просторијата. Има трпезарија и мала кујна под скалите. Стаклените врати целосно се отвараат кон базенот, така што во летниот период целиот простор е споен и претставува надворешна дневна.

Previous