top of page
Living Room with a fireplace in the House Moderna Interior

ЕнтериерКуќа
Модерна

Сектор

Резиденцијален + ентериер

Локација

Крива Паланка

Година

2020

Површина

160м2

Проектант

Архикс Студио

3д визуелизации

Архикс Студио

Реставрацијата на куќа од 60тите беше голем предизвик со тоа што старата конструкција ја преведовме на нов јазик. Мирната резиденцијална околина и местоположбата на градското ридче имаа клучна улога во содавање на оваа урбана вила. 

„Модерна“ е куќа за млад пар, кој не живее постојано во куќата, само повремено престојува - нивно удобно катче во закрила од брзото секојдневие. Ентериерот го отсликува токму тоа : удобност, релаксираност, место за одмор и уживање со чаша вино во вечерните часови или заедничко готвење за викенд во големата, светла кујна со остров.

Дизајн на ентериер луксузна традиционална трпезарија со енотека
Living Room with a fireplace with visible ceiling wooden construction in the House Moderna Interior
Дизајн на ентериер полица interior aestetic

Акцентен елемент во дневната соба е каминот, во модерна варијанта- застаклен и обработен со мат црна боја. Централниот ѕид со телевизорот е обработен со шкафови и полици, со боја на мед и дрвена текстура. Дел од таваницата не е покриен со гипс, за истакнување на убавината на оригиналната меѓукатна конструкција. Спојот на материјалите, оригиналната таваница и каминот прават поврзаност меѓу традиционалното и современото, во еден транзиционален стил на ентериер.

Трпезаријата е споена со дневната соба, со  трпезариска маса за 8 луѓе и мала винотека.
Кујната е просторна и решена со остров, со изобилие од светлина од големите прозорци. Тука повторно се јавува дел од оригиналната таваница. 

 

Спалната соба е помала, па направивме решение за поставување на телевизорот на челични шипки пред плакарот, со што телевизорот не смета во отварање на плакарот, а едновремено е поставен на најповолна позиција. Таванот е обоен со темна боја за визуелно проширување на просторот. Спалната го следи стилот на целиот ентериер - транзиционален стил со дрвени текстури, боја на мед и темно сива.

Спална соба ентериер
Дизајн на ентериер кујна со остров

Погледнете повеќе слики во галеријата

Previous 

Next

bottom of page