top of page
Dawn_ dining  (4).jpg

Ентериер
Dawn

Сектор

Внатрешен дизајн

Локација

Крива Паланка, Македонија

Година на проект

2021

Површина

45м2

Проектант

Архикс Студио

3Д визуелизации

Архикс Студио

Ентериерот Dawn го доби своето име бидејќи претставѕва освежување и давање нова енергија на просторот. Нежната жолта боја го прави топол и пријатен, а темно сивиот контраст му дава доза на сериозност.

Жолтата боја искористена во ентериерното уредување евоцира топлина, добро расположение, оптимизам. Сепак, доколку премногу доминира (особено на ѕидовите) може да буди чувство на анксиозност, затоа треба да биде умерено употребувана.

Dawn_ dining  (7).jpg
Dawn_ спална(3).jpg
Dawn_  (11).jpg

Дневната соба се карактеризира со расчленети форми,

кои се обединети од заедничките материјали и визуелниот контраст. Особено карактеристичен е централниот ѕид, на кој се поставени и метални елементи- полици, кои се надоврзуваат на расчленетоста на формите.

Кујната, заедно со трпезаријата, е трансформирана во пријатно катче кое лесно би можело да служи и како дневен престој. Кујната е линеарна и едноставна, со скриено светло поставено под висечките елементи.

Спалната соба е прилагодена за различни функции во различни периоди од деноноќието:

ДНЕВЕН ПРЕСТОЈ/РАБОТНА СОБА: светли, свежи бои кои прават да се чувствувате поенергично, чисти ѕидни површини со полици и уметнички слики, повеќе од 1/2 чист поден простор за движење, биро.

СПАЛНА СОБА: кревет на распуштање, драперии кои не пропуштаат светлина, ноќно скриено светло, плакар, дополнителен простор за складирање над бирото.

Ходникот е решен со големи огледала и бела боја заради визуелно зголемување на просторот.

Dawn_ dining  (6).jpg

Погледнете повеќе слики во галеријата

Previous 

Next

bottom of page