top of page

Што е разликата помеѓу катастарски план и урбанистички план?

Процесот за добивање одобрение за градба знае да биде збунувачки од самиот почеток, во фазата на вадење на потребната документација. Во секој процес од овој тип, на самиот старт се потребни 3 документи: извод од катастарски план, имотен лист и извод од урбанистички план. Често, нашите клиенти имаат нејаснотии околу тоа кои се нивните права, што значат различните планови и која е суштинската разликата меѓу нив.


Урбанистичкиот план претставува законска регулатива, односно графичка претстава на законските права и ограничувања за просторот кој е опфатен во соодветниот план. Линиите и информациите на планот не претставуваат нешто што постои во реалноста во физичка форма, туку некакво правило: пример, граница до каде може да градите, граница до каде земјиштето е во ваша сопственост, кое е јавно и кое приватно земјиште и слично. Со урбанистичкиот план се претставува идна состојба на користење и уредување на просторот, односно идниот развој на просторот.


Катастарскиот план претставува фактички приказ на недвижностите (објекти и земјиште) кои се документирани во државниот референтер систем за катастар и имаат добиено правен статус. Во катастарот на недвижности се врши запишување на правото на сопственост и на другите стварни права на недвижностите, на податоците за недвижностите, како и на други права и факти чие запишување е утврдено со закон.


Деталниот урбанистички план и катастарскиот план за ист опфат може значително да не се совпаѓаат, во зависност од тоа колкав степен на развој е предвиден за опфатот. Со урбанистичкиот план може да се предвидува реформирање, исправање на градежните працели и промена на другите урбанистички параметри во однос на претхосниот план или фактичката состојба, како и апропријација и депропријација, односно промена на статус од приватно во јавно земјиште обратно за цели на општиот интерес.


За урбанистичките планови е одговорна локалната самоуправа, додека карастарските планови ги регулира Агенцијата за катастар на недвижности, што значи дека за овие планови се надлежни различни тела. Извод од урбанистички план тможе да се извади во секторот за урбанизам во локалната самоуправа која е надлежна за опфатот, додека извод од катастарски план издава Агенцијата за катастар на недвижности. Секторот за урбанизам во локалната самоуправа издава одобрение за градба врз база на усогласеност со урбанистичкиот план, додека по добивањето на одобрение самиот инвеститор треба да го запише објектот врз ваза на добиеното одобрение и одобрениот проект за градба во Катастарот за недвижности. Доколку Ви се потребни консултации за сите општи и специфични услови за градба и законски регулативи, Архикс Студио Ви стои на располагање за секакви консултации и совети за архитектонски проекти! Контактирајте нѐ на некој од следните начини:


- на телефонските броеви,

- на мејл : archx2020@gmail.com,

- Фејсбук ( Archx Studio)

- Инстаграм ( @archx_mk)

- преку контакт страната : https://archx.mk/contact


или посетете нѐ во Архикс Студио во Влае, Скопје, на кеј, на ул.„Сливовска“ 7-23. Тука сме за да го направиме овој процес полесен!



Во следните статии ќе Ви објасниме и други права, ограничувања и обврски во процесот на градење кои Ви ги наложуваат законите и правилниците. Следете нѐ!

199 views0 comments

コメント


bottom of page