top of page

Како да го подобрите природното осветлување во станот?

Старите станови, поделени на повеќе мали простории, со ограничени отвори и пониски катни висини често се соочуваат со недоволно природно осветлување. Подобрувањето на природното осветлување во еден стан може да биде предизвик, но со примена овие совети може да ја максимизирате осветленоста на ентериерот, обезбедувајќи зголемена удобност, просторност, благосостојба и енергетска ефикасност.


Во овој текст, Ви даваме совети кои ние како архитекти често ги користиме за подобрување на природна осветленост на становите без да биде потребна конструктивна промена или промена на фасадата. Овие практики варираат од едноставни, како боење на ѕид, до поинтензивни реновации , зависно од Вашите потреби и можности.





Како можете да ја искористите максимално природната светлина во Вашиот стан?


  1. Сталете перфорирани полици како поделба меѓу простории, наместо класичен ѕид или затворена преграда:

  • Употребата на полици како прегради во резиденцијалната архитектура станува сè попопуларно. Изработени од дрво или метал, овие полици можат да бидат полу-отворени, овозможувајќи пренос на природната светлина од еден простор во друг. Доколку ги направите од материјал со бел сјаен финиш, ќе добиете уште повеќе светлина поради тоа што белата боја ги рефлектира зраците.

Проект: Mercury , ArchX Studio


2. Рушење на неносечки ѕидови:


  • Посебно често во старите згради, становите можат да бидат поделени со многу неносечки зидови кои ги раздвојуваат просториите. При реновации, може да срушите дел од овие ѕидови или целосно да ги отстраните, овозможувајќи на природната светлина да проникне поглубоко во просторот и да стигне до претходно недостапни области, подобрувајќи го целокупното осветлување. ВНИМАВАЈТЕ, мора да се консултирате со атхитект пред да направите ваков зафат, за да бидете сигурни дека ѕидот кој го рушите не е носечки.

Проект: Mercury , ArchX Studio


3. Избор на светли бои:


Едноставно, но ефикасно решение вклучува избор на светли тонови за површините на околината како подови, ѕидови, тавани или дури и мебел. Рефлективниот карактер на овие површини овозможува кон дифузијата на светлината, што го прави соодветен избор за области со ограничена изложеност на директна сончева светлина.



Проект: Mercury , ArchX Studio


4. Стратегиско поставување на огледала:


Покрај создавањето на илузија за зголемен простор, огледалата се исклучителни сојузници во осветлувањето на околината. Нивните рефлективни својства помагаат во распределбата на светлината низ целиот простор.



Проект: Mercury , ArchX Studio


5. Употреба на провидни материјали:


Оптималниот влез на светлина се постигнува со поголемите отвори како прозори или врати. Во делови од станот што се користат за дневен боравок , каде не е потребна потполна темнина, наместо непровидни елементи како драперии, прегради и медијапански врати, може да се изберат материјали или ткаенини кои се пропуштаат светлина - провидни завеси, прегради од заматено стакло или плексиглас и слично.


Овие паметни дизајн стратегии не можат магично да Ви ја подобрат природната осветленост во Вашиот стан доколку не е добро предвидена со самото проектирање, но претставуваат разумен пристап за максимално искористување на светлината која веќе ја имате, без премногу промени и трошоци!


За сите технички прашања во врска со ентериерно уредување се препорачува да се консултирате со архитект пред да ја добиете замислата за тоа што сакате да го градите. Архикс Студио Ви стои на располагање за било какви консултации и совети за архитектонски проекти! Контактирајте нѐ на некој од следните начини:


- на телефонските броеви,

- на мејл : archx2020@gmail.com,

- Фејсбук ( Archx Studio)

- Инстаграм ( @archx_mk)

- преку контакт страната : https://archx.mk/contact 


или посетете нѐ во Архикс Студио во Влае, Скопје, на кеј, на ул.„Сливовска“ 7-23. Тука сме за да го направиме овој процес полесен!

93 views0 comments
bottom of page