top of page

Камена волна, полиуретан или стиропор: Што е подобар избор за изолација на објекти?

Updated: Feb 10

Изборот на правилниот изолациски материјал за градежните објекти е важна одлука која влијае на топлотната ефикасност, звучната изолација, огнената отпорност и паропропусноста. Камената волна, полистирен/ стиропор (PS) и полиуретан (PU) се популарни избори, секој со свои уникатни својства. Во оваа статија ќе направиме споредба на нивните топлотни перформанси, звучната апсорпција, огнената отпорност и паропропусноста, за да Ви помогнеме во изборот на изолација за Вашиот објект.


Photo by Erik Mclean on Unsplash


ТЕРМОИЗОЛАЦИЈА За објекти каде термоизолацијата треба да е што можно подобра, особено во ограничените простории, ПУ често е предпочитан поради повисокиот коефициент на топлинска отпорност во споредба со камената волна и стиропорот, иако и трите опции се добри топлински изолатори и може да се каже дека разликата е мала.


ЗВУЧНА ИЗОЛАЦИЈА За објекти со главен фокус на звучната изолација, како театри или аудио студија, камената волна е подобар избор. Сепак, ПУ може да биде соодветен за резиденцијални и комерцијални згради каде што се бара баланс меѓу топлинските и акустичните изолациони карактеристики. Во овој аспект, стиропорот заостанува зад другите две опции.


ОТПОРНОСТ НА ПОЖАР

За згради каде што противпожарната заштита е клучна, како високите згради или индустриски обекти, камената волна е дефинитивно во предност како најдобар избор за изолација, поради тоа што е природно несогорлива и често се користи во огноотпорни конструкции. Стиропорот и полиуретанот може бидат пригодни за употреба каде што пожарните кодекси го дозволуваат и каде што се превземени дополнителни мерки за заштита од пожар.


ПАРОПРОПУСТЛИВОСТ

Во објекти каде што контролата на влагата е приоритет, или во места со влажни климатски услови, камената волна е најдобар избор, бидејќи е паропропустлива и го намалува акумулирањето на водена пара - а со тоа и проблеми поврзани со влага. Стиропорот може биде погоден во комбинација со контролирана вентилација меѓутоа во овој случај треба да се нагласи дека експандираниот стиропот има подобри карактеристики од екструдираниот - кој е паронепропустлив поради својата компактна структура. Полиуретанот повеќе го ограничува движењето на пареата, така што може биде соодветен за проекти каде што е потребна парна преграда, со задолжителни дополнителни мерки за вентилација.


ЗАКЛУЧОК

Изборот на изолациски материјал зависи од конкретните барања на градежниот проект. Камената волна се истакнува со огноотпорност и звучната апсорпција, правејќи ја погодна за високоризични околини. Полистиренот, во различни форми, обезбедува економични решенија со добри топлотни својства. Полиуретанот се истакнува со висока топлотна отпорност и универзалност во употреба на ограничен простор.


Се надеваме дека оваа споредба ќе Ви помогне во изборот на изолација за Вашиот објект, сепак препорачуваме да се консултирате со стручни лица кои ќе ги запознаете со спецификите на Вашиот проект!

Доколку Ви се потребни консултации за сите општи и специфични услови за градба и законски регулативи, Архикс Студио Ви стои на располагање за секакви консултации и совети за архитектонски проекти! Контактирајте нѐ на некој од следните начини:


- на телефонските броеви,

- на мејл : archx2020@gmail.com,

- Фејсбук ( Archx Studio)

- Инстаграм ( @archx_mk)

- преку контакт страната : https://archx.mk/contact 


или посетете нѐ во Архикс Студио во Влае, Скопје, на кеј, на ул.„Сливовска“ 7-23. Тука сме за да го направиме овој процес полесен!



Во следните статии ќе Ви дадеме и други совети кои може да ги искористите при градба. Следете нѐ!


131 views0 comments
bottom of page