top of page

Кои се Вашите права во однос на соседот според растојание на граница на градежна парцела од објект?

Ако градите или реконструирате нов објект - куќа или зграда, според Правилникот на стандарди и нормативи на урбанистичко планирање постојат правила за отварањето на прозорци кон соседот во зависност од растојанието на Вашиот објект до границата на градежната парцела помеѓу Вас и соседот. Овие правила мора да бидат испочитувани во архитектонскиот проект за објектот или не би можеле да добиете одобрение за градење (видете во кои случаи не Ви е потребно одобрение тука).

Во изводот од Детален Урбанистички План - ДУП , за Вашата парцела, ќе ги забележите параметрите на граница на градежна парцела и градежна линија, со која е ограничена површината за градење ( подетално објаснување на овој линк). Ова се Вашите права за отвори кон соседот: 1. Ако растојанието помеѓу градежната линија и страната на градежната парцела е нула - не треба да има отвори на ѕидот на градбата на границата на градежната парцела

2. Кога растојанието е од 1,20 до 3,0 м. може да има само помошни отвори со парапет (висина од под до прозорец) од најмалку 1,60 метри

3. Кога растојанието е 3,0 метри и над 3,0 метри се дозволени регуларни отвори на таа страна од градбата. За сите општи и специфични услови за градба и законски регулативи може се консултирате со архитект пред да ја добиете замислата за тоа што сакате да го градите. Архикс Студио Ви стои на располагање за какви консултации и совети за архитектонски проекти! Контактирајте нѐ на некој од следните начини:


- на телефонските броеви,

- на мејл : archx2020@gmail.com,

- Фејсбук ( Archx Studio)

- Инстаграм ( @archx_mk)

- преку контакт страната : https://archx.mk/contact


или посетете нѐ во Архикс Студио во Влае, Скопје, на кеј, на ул.„Сливовска“ 7-23. Тука сме за да го направиме овој процес полесен!




Во следните статии ќе Ви објасниме и други права, ограничувања и обврски во процесот на градење кои Ви ги наложуваат законите и правилниците. Следете нѐ!

bottom of page