top of page

Изградба на објекти на земјоделско земјиште – Упатство за постапката

Доколку имате земјиште кое се категоризира како земјоделско земјиште, за кое со план не е предвидена изградба на објект, постојат одредени услови и типови на објекти за кои може да добиете дозвола за градба.


Согласно Законот за земјоделско земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр. 135/07, 17/08, 18/11, 42/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/19), на земјоделско земјиште може да се изградат оранжерии, објекти за промоција на земјоделски производи, објекти за спортско рекреативни активности, помошни објекти, како и објекти за примарна обработка на земјоделски производи.


Постапка на поднесување на барање и соодветна документација пред Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство


Со цел добивање на согласност за градење на објекти на земјоделско земјиште барателот, треба да достави соодветно барање ( формулар кој може да се подигне во Подрачнит единици на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство или на web страната на министерството (www.mzsv.gov.mk)) до Секторот за регистрирање, управување, унапредување и продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со следниве документи:

  • Уверение за државјанство или копија од лична карта; Уверение за државјанство или копија од лична карта се доставува доколку барателот е физичко лице;

  • Тековна состoјба; Тековна состојба се доставува доколку барателот е правно лице;

  • Имотен лист на име на барателот; Имотен лист се доставува доколку барателот бара Согласност за градба на сопствено земјоделско земјиште;

  • Договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост и Записник за воведување во владение; Договор за закуп и Записник за воведување во владение се доставува доколку барателот бара Согласност за градење на државно земјоделско земјиште кое го користи под закуп;

  • Доказ дека земјоделското земјиште не се наоѓа во границите на градежен опфат; Доказот го издава Секторот за урбанизам на соодветната Единица на локалната самоуправа каде се наоѓа предметната катастарска парцела (КП);

  • Копие од катастарски план за катастарската парцела на која треба да се гради објектот; Копие од катастарскиот план за (КП) на која треба да се гради објектот издава Агенција за катастар на недвижности;

  • Основен проект за објектот на кој е извршена ревизија; Основниот проект треба да е изработен од овластен архитект на кој е извршена ревизија;

Потребната документација се доставуваат во оригинал или во фотокопија заверена од нотар.

Земјоделското земјиште за кое се бара издавање на согласност за градење на еден од гореневедените видови на објекти треба да е во сопственост на барателот или земјоделското земјиште да е во државна сопственост земено под закуп со површина од: – Најмалку 0,2 ха во регионот каде што се бара градење, или – Најмалку 10 ха за објекти за промоција на земјоделски производи и објекти за спортско рекреативни активности, или – Најмалку 1.000 ха за градбите наменети за физичко обезбедување на објекти за примарна обработка на земјоделски производи, за администрација поврзана со замјоделската дејност, продажен простор за прозиводите добиени од земјоделската дејност, за времено сместување, исхрана, едукација, рекреација и продажба на производи за потребите на домаќинствата на лицата ангажирани во производството на примарни и преработени земјоделски и сточарски производи, за аутопсија на мртов добиток и крематориум за мртов добиток, до кое има соодветна патна, комунална и електрична инфраструктура.


Министерството во рок од 30 дена по приемот на Барањето со потребната документација издава согласност за градење.

Решението за согласност за градење кое го издава Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно горе опишаната постапка, со цел да се добие одобрение за изградба, се доставува до Сектор за урбанизам при Единицата за локална самоуправа каде планира да се гради.


По административна обработка на доставените документи, Секторот за урбанизам на релевантната Единица за локална самоуправа издава одобрение за изградба во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето.





Видови на градби за кои се однесува постапката за изградба на објекти на земјоделско земјиште

1 “Оранжерии” се градби за произведување на примарни земјоделски производи од растително потекло во заштитен простор поставени на земјоделско земјиште, вклучително и за сместување на опрема за одржување, со контролирани услови за производство во заштитениот простор;

2 ”Помошни објекти” се градби кои служат за засолнување на луѓе и добиток, за времено сместување на земјоделски производи со површина до 500 метри квадратни и максимална висина од 5,5 метри;

3 „Објекти за промоција на земјоделски производи“ се градби за угостителство во кој се врши промоција на земјоделски производи произведени од земјоделска дејност со површина до 500 метри квадратни и максимална висина од 8 метри; 4 „Објекти за спортско рекреативни активности” се градби во функција на вршење на спортски активности на државно земјоделско земјиште издадено под закуп пред 30 јуни 2019 година; 5 „Објекти за примарна обработка на земјоделски производи“ се градби наменети за: – одгледување на добиток и риби, – ветеринарно здравство и здравствена заштита на луѓе, – сместување на опрема за одржување на квалитетот на водата и животната средина, – лаборатории, – преработка на примарни земјоделски и сточарски производи и риби, – сместување на опрема за следење на квалитетот и безбедноста на примарните сточарски и земјоделски прозиводи и на производите добиени од нивна преработка, – сместување и одржување на земјоделска механизација, приклучна опрема и други превозни средства и опрема, – настрешници, – складирање, – физичко обезбедување, – оградување на објекти за примарна обработка на земјоделски производи, – прием, чување и пакување на примарни земјоделски и сточарски прозиводи и храна за животни, – администрација поврзана со замјоделската дејност, – резервоари за вода,

– продажен простор за прозиводите добиени од земјоделската дејност, – времено сместување, – исхрана, едукација, рекреација и продажба на производи за потребите на домаќинставта на лицата ангажирани во производството на примарни и преработени земјоделски и сточарски производи, – производство на вино, – собирни центри за млеко, печурки и лековити растенија, – кланички капацитети, – аутопсија и крематориум на мртов добиток, – пречистителни станици, и – хидромелиоративни работи и градби наменети за уредување на земјоделското земјиште


За сите општи и специфични услови за градба и законски регулативи може се консултирате со архитект пред да ја добиете замислата за тоа што сакате да го градите. Архикс Студио Ви стои на располагање за какви консултации и совети за архитектонски проекти! Контактирајте нѐ на некој од следните начини:

- на телефонските броеви,

- на мејл : archx2020@gmail.com,

- Фејсбук ( Archx Studio)

- Инстаграм ( @archx_mk)

- преку контакт страната : https://archx.mk/contact

или посетете нѐ во Архикс Студио во Влае, Скопје, на кеј, на ул.„Сливовска“ 7-23. Тука сме за да го направиме овој процес полесен!



ИЗВОР: ipard.gov.mk

bottom of page