top of page

Што Ви е потребно за добивање одобрение за градба?

Updated: Apr 5, 2022

Доколку имате недвижнини каде што сакате да градите, а не знаете од каде да почнете и не сте запознаени со административните и техничките процеси кои треба да се одвиваат, овој пост може да Ви помогне! Прочитајте во кои случаи не Ви е потребно одобрение за градба на следниот линк.

Процесот е следен: 1. Прв чекор (кој е опционален, но може многу да Ви помогне) е да се обратите до Секторот за Урбанизам во општинската администрација каде што се наоѓа Вашата недвижнина и да се консултирате со административниот службеник за тоа што сакате да го градите. Таму може да добиете информации дали имате законско право да го остварите тоа што сакате и каква документација ќе Ви биде потребна. Додека сте таму, може да поднесете барање за ИЗВОД ОД ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН, без кој не можете да го направите проектот. 2. Втор чекор е да извадите ИМОТЕН ЛИСТ и ИЗВОД ОД КАТАСТАРСКИ ПЛАН од катастарот на истата општина, или преку онлајн катастарот. Предходно спомнатите 3 документи не треба да се постари од 6 месеци на денот на поднесувањето на проектот.

3. Следен чекор е не контактирате нас, Архикс Студио, архитектонска фирма која поседува лиценца за проектирање и да се консултирате за тоа што сакате да го направите. Доколку веќе сте ги направиле првите два чекори, може да ни ја пратите документацијата за да направиме проверка и да Ве советуваме каде би имале административни или законски пречки. Со тоа, Ви изготвуваме понуда за проектот, Ве известуваме што ќе содржи проектот и Ви даваме временска рамка. Проектот кој Ви е потребен за добивање одобрение е ОСНОВЕН ПРОЕКТ и содржи неколку фази во зависност од квадратурата и намената: архитектура, статика, водовод, електрика итн. Ние го нудиме целосниот проект со сите потребни фази и соработуваме со професионални и искусни инженери од сите полиња. Нашите проекти се детално разработени за да има што помалку пречки во изведба.

4. По консултација со нас, ќе ви биде потребен ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ, кој го изработува геодетска фирма. Овој чекор можете да го направите сами или ние да Ви предложиме фирми со кои соработуваме. 5. Откако проектот ќе биде изработен ( и ревидиран доколку е потребно), го праќаме на мислење во Институт за Земјотресно Инженерство и Сеизмика. После добиеното позитивно мислење, проектот е спремен за поднесување на БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА.

6. Барањето за одобрение се поднесува до општината преку електронскиот систем за е-дозволи, и тоа мора да го направи Архикс Студио, односно фирма која поседува дигитален сертификат. По добиениот проект општината го праќа проектот до соодветните институции за комунално одржување, снабдување со водовод, електрика и телекомуникации, Ви изготвува пресметка за комуналии и после уплатата го добивате ОДОБРЕНИЕТО ЗА ГРАДБА.


За било какви консултации и совети контактирајте нѐ на некој од следните начини: - на телефонските броеви,

- на мејл : archx2020@gmail.com,

- Фејсбук ( Archx Studio)

- Инстаграм ( @archx_mk)

- преку контакт страната : https://archx.mk/contact

или посетете нѐ во нашето студио во Влае, зад Тинексот, на ул.„Сливовска“ 7-23 Тука сме за да го направиме овој процес полесен!




bottom of page